Пародонтологија
Пломби
Ендодонција/Лекување на забиПародонтологијаЗдравата насмевка започнува со здрава уста,а здравата уста со здрави заби и непца.
Токму оваа гранка од стоматологијата се занимава со проучување и лекување на околното меко ткиво на забите,кое е многу важен фактор во одржување на целокупното орално здравје.
Гингивитот и пародотопатијата се двете форми на ...
Прочитај повеќе Пародонтологија
Пломби
Ендодонција/Лекување на заби
Пародонтологија
Здравата насмевка започнува со здрава уста,а здравата уста со здрави заби и непца.
Токму оваа гранка од стоматологијата се занимава со проучување и лекување на околното меко ткиво на забите,кое е многу важен фактор во одржување на целокупното орално здравје.
Гингивитот и пародотопатијата се двете форми на пародонталната болест кои се број еден причина за губиток на забите.
Во нашата ординација пародоталниот третман пред се го насочуваме кон изработка на индивидуален план на терапија,во кој вклучуваме методи на дијагностика на причините за присутното воспаление како и техники за отстранување на воспалениението околу забот и неговата потпора,проследено со совети за редовно и правилно одржување на оралната хигиена и редовни стоматолошки контроли.
Пломби
Пломбирањето на забите е најчестата интервенција која што се изведува во стоматолошките ординации.Недостатокот или губиток на забното ткиво од било која причина (кариес,пукнатина,фрактура,дијастема и сл.) се надоместува со високо квалитетно полнило кое ја враќа оригиналната форма и фукцијата на самиот заб.
Постојат многу видови материјали кои се користат за пломбирање на забите,секој со свои предности и недостатоци.Најчесто користените материјали за исполнување на забниот дефект во нашата ординација се нано композитните керамички пломби,кои се со многу слични карактеристики во однос на природните заби.Тие се цврсти ,издржливи и ќе траат многу години, давајќи ви долготрајна, и убава насмевка.
Ендодонција/
Лекување на заби Лекувањето на коренскиот дел од забот е потребен во случај кога пулпата (ткивото во внатрешноста на забот) е воспалено,инфицирано или под дејство кариес.
Со цел да се зачува забот, пулпата заедно со кариесната инфекција се отстрануваат,а просторот се исполнува со специјални, медикаментозни стоматолошки материјали кои го обновуваат забот до неговата целосна функција.